Министерството за внатрешни работи на Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на електричната енергија.
Вонредната состојба ќе се применува во регионите кои ќе го побараат тоа, соопшти Министерството, пренесува Би-Би-Си.
Досега Мадрид, Андалузија и Екстремадура побараа централната влада да го преземе јавниот ред и други функции.
Неколку часа откако големиот прекин на електричната енергија погоди голем дел од Шпанија и Португалија, шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека причината сè уште се истражува.
Претходно, претседателот на Европскиот совет и премиерот на Португалија објавија дека „нема индиции“ дека се работи за сајбер-напад.
Во своето последно обраќање, Санчез ги предупреди граѓаните да избегнуваат шпекулации и посочи дека функционираат болниците – тој исто така рече дека електричната енергија е обновена во некои области на север и на југ од Шпанија.
4news.mk