Во Шпанија 60.216 нерегуларни мигранти пристигнале во 2024 година

Елма Саиз Делгадо, министерка за инклузивност, социјално осигурување и имиграција на Шпанија, објави дека 60.216 нерегуларни имигранти влегле во земјата во 2024 година, известува Анадолу.

Министерката Саиз за шпанската државна телевизија RTVE изјави дека минатата година во Шпанија пристигнале 60.216 нерегуларни мигранти, од кои 57.738 пристигнале по морски пат.

По 2018 година (64.298), најголем број нерегуларни мигранти во Шпанија пристигнале во 2024 година. Во земјата во 2023 година дошле 52.591 нерегуларен имигрант.

Канарските Острови, првата станица во Шпанија за нерегуларни мигранти кои го напуштаат северноафриканскиот брег, соборија рекорд со 43.737 мигранти во 2024 година.

Крајбрежната стража на Канарските Острови објави дека повеќе од 300 нерегуларни мигранти пристигнале во регионот во првите два дена од 2025 година, а две лица ги загубиле животите за време на патувањето.

– Во 2024 починале 10.457 нерегуларни мигранти во обид да дојдат во Шпанија

Од друга страна, шпанската невладина организација „Caminando Fronteras“ минатата недела соопшти дека 10.457 од нерегуларните мигранти ги загубиле животите во обид да дојдат до шпанскиот брег по морски пат во 2024 година.

„Caminando Fronteras“ во соопштението го наведе фактот дека во 2024 година има зголемување од 58 % во смртноста на нерегуларните мигранти во споредба со претходната година, врз основа на податоците во кое се вклучени бројот на исчезнати и загинати мигранти.

извор: НОС Холандија