Околу 38 Виетнамци исчезнаа на јужнокорејскиот остров Џеџу по пристигнувањето во регионот минатиот месец, објавија локалните медиуми денес, пренесува Анадолу.
Група од 90 туристи пристигнаа во Џеџу од Ња Чанг, Виетнам, со чартер лет на „Виетџет ер“ на 14 ноември, според новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на организацијата Џеџу туризам.
Туристите требаше да се вратат на 17 ноември, но 38 исчезнаа, а другите од групата се качија на повратниот лет.
Јужнокорејските власти почнаа истрага за тоа каде се исчезнати туристите со проверка на надзорните камери.
Сепак, според канцеларијата за имиграција, туристите може да останат на островот без виза до 30 дена, а исчезнатите туристи може легално да останат таму до 14 декември.