Вработена во Центарот за социјални работи во Прилеп ранета од огнено оружје

Денеска, нешто пред 14 часот, во просториите на Центарот за социјални работи во Прилеп, била нападната и ранета вработена од оваа институција.

Повредената 38-годишна социјална работничка веднаш била пренесена во прилепската болница, каде што, според директорот на установата, нејзината состојба е стабилна. Според информациите од службата за итна медицинска помош, повикот за интервенција бил примeн во 13:55 часот. Началникот на Итната помош, Боше Милошески, потврди дека жртвата има прострелна рана во стомакот.

Во моментов, во Центарот се врши увид од страна на полицијата и јавен обвинител, кои наскоро ќе излезат со официјални информации за случајот. Според неофицијални извори, напаѓачот подолго време ја следел жртвата.

 

Извор: ТВ 21