Времето изминува, а на Деки сега сме му потребни повеќе од било кога

  • Деки во своите 45 години веќе 3 години ја води најтешката битка, онаа за живот.
Со дијагноза рак на панкреас откриена по безбројни испитувања подлегна на 12 часовна операција во која успешно беше отстранет примарниот тумор и лекувањето го започна во Македонија. Имајќи го во предвид дека во нашата држава моментално терапијата е дефицитарна, по препорака и консултација во Memorial Şişli Hospital сега лекувањето е таму.
Времето изминува, а на Деки сега сме му потребни повеќе од било кога. Желбата за живот и шанса никогаш не била поголема, ниту кај него ниту кај нас.
Да му покажеме на Деки дека има шанса во што да верува и дека има надеж.
Престојот во Турција се продолжи поради компликации во неговата здравствена состојба и секој ден чини пари.
Граѓаните на Општина Кичево веќе подолг период на дело ја покажуваат својата хуманост преку низа настани во градот, но сега ни е потребна помош од поширока заедница.
Ние како семејство не сме веќе во можност да ги покриеме трошоците, па затоа се обраќаме до вас.
Да не дозволиме парите да бидат пречка да се спаси млад живот
🌐 Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
✅ Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.