Вселенскиот Патријарх положи цвеќе на местото на жртвите во Истанбул

Н. Б. Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, во понеделникот, во раните попладневни часови, отиде на местото на терористичкиот напад на Шеталиштето во Перан, Истанбул, каде што положи букет бели цвеќиња и се помоли за упокојување на жртвите од терористичкиот напад во неделата, а даде и изјави за медиумите, осудувајќи го грозоморниот настан и тероризмот воопшто, и нагласувајќи дека Црквата постојано се моли за мир во светот, и за единство и соработка меѓу луѓето и народите.

 

 

Бигорски манастир