Вулканската пукнатина Сунднукагигар во близина на Гриндавик, за која се проценува дека е долга три километри, исфрли огнена лава и чад во четвртокот. Евакуирано е блиското рибарско село Гриндавик. Лава се излеала и на паркингот на познатата термална бања Сина лагуна. Како што се гледа на сликите во исландските медиуми, портокалово-црната маса го покрила целиот паркинг за 350 автомобили на најпознатата туристичка атракција во земјата. Зграда во термалниот комплекс исто така била покриена со лава, но базените со топла вода на лагуната биле заштитени со ѕид. Ова е седма вулканска ерупција на полуостровот од декември минатата година.
DW