Вучиќ најави враќање на задолжителниот воен рок

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста рече дека се залага за воведување на задолжителен воен рок во Србија од 90 дена.

– Опкружени сме со земји од НАТО. Нашата желба е да бидеме единствената земја која не е членка на НАТО во регионот. Мојот предлог ќе биде во следниот период да се воведе задолжителен воен рок од 90 дена, тоа време може да го посвети секој маж, рече Вучиќ.

Тој додаде дека со задолжителниот воен рок, војниците ќе стекнат одговорност и ќе развијат патриотизам.