Вучиќ: „Отворен Балкан“ треба да му помогне на регионот да зборува во еден глас“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ треба да му помогне на регионот да зборува со еден глас кога се во прашање клучните прашања за сите земји во регионот и регионот во целина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како што изјави на Самитот на лидерите на „Отворен Балкан“, денеска ќе бидат потпишани договори кои ќе овозможат забраната за извоз на стратешки прехранбени производи во една земја од „Отворен Балкан“, да не важи за другите две.

Тој додаде дека ќе биде усвоен оперативен план во областа на цивилната заштита и ќе се формира заеднички копродукциски фонд на „Отворен Балкан“ за кинематографија и аудиовизуелни активности.

„Издавањето на првите работни дозволи ќе биде пресвртница која ќе го насочи развојот на економијата во нашите три земји“, рече Вучиќ.

Тој рече дека ова е прва средба на земјите од „Отворен Балкан“, откако Албанија и Северна Македонија ги отворија пристапните преговори со Европската Унија.

„Сакам да им честитам за тоа и колку што можевме, помогнавме да се постигне таа цел“, рече Вучиќ.

Тој рече дека министрите за надворешни работи на Туркије и Унгарија, Мевлут Чавушоглу и Петер Сијарто, не се гости.

„Ние сме толку поврзани и си требаме еден на друг, за што кажува зачестеноста на нашите состаноци и верувам дека, иако некои [земји] сѐ уште формално не се дел од Отворениот Балкан и нема да бидат, ќе можат да остварат отворена соработка со нашите земји“, нагласи Вучиќ.

Во Белград денеска се одржува Самит на лидерите на „Отворен Балкан“, на кој, покрај членовите на иницијативата, Србија, Северна Македонија и Албанија, присуствуваат и претставници на Туркије, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Унгарија.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).