Вучиќ со убедливо водство според првичните резултати

Актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија се апсолутни победници на претседателските и предвремените парламентарни избори во Србија, пренесуваат медиумите во Србија.

Според првичните резултати од изборите во Србија, актуелниот претседател, Александар Вучиќ е во водство со 73,08 проценти од пребројаните гласови на претседателските избори.

Зад него се Здравко Понош со 8,18 отсто и Милца Џурџевиќ Стаменковски со 4,64 отсто од пребројаните гласови.

И резултатите за парламентарните избори сугерираат водство на коалицијата на Вучиќ со 56,68 отсто од гласовите, а зад него е Ивица Дачиќ со 13,83 проценти.

Според првичните неофицијални резултати кои ги соопшти Републичката изборна комисија, по обработени близу 8 отсто од гласачките ливчиња, Вучиќ има освоено над 71 отсто од гласовите, а неговиот најзериозен против кандидат, порашениот генерал Здравко Понош 8,81 отсто.

Српска напредна партија предводена од Александар Вучиќ, според досега обработените гласачки ливчиња освоила 53 отсто од гласовите, а СПС на Ивица Дачиќ, 13,58 проценти.

Според информациите на ИПСОС на тројните избори во Србија излезноста била нешто помалку од 60 проценти.