Вчера 1001 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 279 за брзо возење

Во рамки на вчерашните (09.04.) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 1001 платен налог, најмногу во текот на овој месец. Статистичките трендови од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, остануваат и понатаму идентични како и претходно, па така најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 241, а потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 279.
Она што е впечатливо за вчерашниот ден е фактот дека се евидентирани и 178 прекршоци што ги направиле пешаците.
Инаку, вчера регистрирани се 84 учесници во сообраќајот кои што не поседувале возачка дозвола, девет возачи биле санкционирани поради возење под дејство на алкохол, шестмина возачи минале на црвено светло.
Покрај ова по основ на неносење сигурносен појас изречени се 39 санкции, а по основ на користење мобилен телефон при возење изречени се 34 платни налози. Исто така од сообраќај се исклучени вкупно 22 возила од кои 8 биле технички неисправни а 14 биле нерегистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.