Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, доби казна затвор од три месеци, откако ја призна вината пред Кривичниот суд во Скопје, објави faktor.mk.
Казната затвор следува откако тој заедно со неговиот син претепа угостител во скопски ресторан „Аквадукт“ на булевар „Словенија“ во Скопје.. Неговиот син е осуден условно.
Бајрам е пуштен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари во пресудата и правосилната одлука ќе ја чека во домашен притвор.
Бајрам веќе помина еден месец во затвор во притворот во „Шутка“.
извор: faktor.mk.