Газпром ја прекина испораката на гас за Европа преку Украина

Рускиот енергетски гигант Газпром првиот ден од Новата година објави дека е прекината испораката на природен гас за Европа преку Украина, јавува Анадолу.

„Поради постојаното и експлицитно одбивање на украинската страна да ги продолжи договорите, Газпром е лишен од техничка и правната можност да испорачува гас преку територијата на Украина почнувајќи од 1. јануари 2025 година“, се вели во соопштението на Газпром на социјалната мрежа Телеграм.

Во објавата се додава дека се истечени договорите потпишани на 30 декември 2019 година меѓу Газпром​​​​​​​ и украинската енергетска компанија Нафтогас за транспорт на руски гас преку Украина.

извор: АНАДОЛИЈА