Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, пилотирајќи со спортски воздухоплов го донесе Благодатниот оган од Ерусалим

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, пилотирајќи со спортски воздухоплов го донесе Благодатниот оган од Ерусалим и му го предаде на МПЦ-ОА пред големиот христијански празник Велигден.

Благодатниот оган од Ерусалим преку Атина со благослов од Грчката Православна Црква пристигна до Скопје каде го доби МПЦ Охридска Архиепископија, а вториот пилот кој управувал со спортскиот авион на Аеро клубот Скопје е Дејан Саздов.

Министерството за одбрана и надворешни работи учествуваа во протоколарните подготовки, а горивото за летање на спортското летало било приватна донација.