Герасимовски: Засега не знаеме дали пожарот е подметнат, тоа ќе се знае откако Обвинителството ќе го разгледа извештајот од МВР

Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, вчера имаше средба со Кризниот штаб во врска со пожарот на фабриката Треска, на чијашто парцела се планира градење. Штабот за кризи и спасување доби информација дека МВР го завршиле увидот и е записникот е доставен до Основното обвинителство.

-Засега не знаеме дали пожарот е подметнат, тоа ќе се знае откако Обвинителството ќе го разгледа извештајот од МВР. Општината прима барања за расчистување на теренот, но чекаме прво да се произнесе ОЈО. Расчистувањето ќе се врши согласно тоа каков материјал е изгорен, а прво ќе се отстрани ако го има штетниот материјал, вели Герасимоски за „Утрински брифинг“.