40-годишниот Карстен Шеперс е Германец, кој пред 4 години заминал од Германија и почнал да оди пеш низ европските земји. Од пред неколку дена стигна во Битола. Бидејќи за време на неговото патување во Франција му украле 6800 евра, останал без пари, па затоа побара помош за сместување од Црвениот крст. Тие го сместија во нивните капацитети, а тој реши да возврати и да даде крв на крводарителската акција која ја организираше битолскиот Црвен крст. Карстен вели дека му се допаѓа тука и дури размислува да остане и да најде работа. Вели – има добро образование и вештини. Од Германија избегал заради стресот објави Сител.
-Досега поминав 16 земји. Им реков на многу луѓе тука во Македонија дека ми се допаѓа оваа земја со сите нејзини проблеми. Многу се интересирам за геологија, мојата професија е дрводелец и шпедитер. Ако најдам работа и жена, ќе останам во Македонија, навистина убава земја е и ми се допаѓа. Заминав од Германија заради стресот од работата, бев менаџер, па сакав да си направам еден продолжен одмор, вели Карстен Шеперс.
За 4 години пешки поминал 14.000 километри.
Текстот во целост на: Сител.