Непосредно пред Божиќ, бурата „Золтан“ ја зафати целата земја, а посебно северна Германија, со силни налети на ветар и обилни дождови – и предизвикува големи нарушувања на сообраќајот. За денеска, петок, се предвидува силно невреме за германското крајбрежје на Северното Море и Хамбург. Германската железница најавува ограничувања при превозот на патници. Во покраината Саксонија-Анхалт ветрот откорнал дрвја, две лица се повредени. Силен оркански ветар дува и на плажата во Алтефер на островот Риген, а во позадина на оваа фотографија може да се види силуетата на ханзеатскиот град Штралзунд.
DW