Ракетата Спектрум, развиена од Исар аероспејс, компанија со седиште во Германија, која има за цел да лансира сателити од Европа, експлодираше кратко по полетувањето во Норвешка, јавува Анадолу.
Лансирана од космодромот во Андоја, ракетата експлодира среде лет, 30 секунди по полетувањето. За време на преносот во живо се слушна силна експлозија, а потоа ракетата тешка 50 тони потоа се урна во близина на лансирната платформа на островот Андоја.
Во соопштението, „Андоја аероспејс“, операторот на центарот за лансирање, потврди дека ракетата паднала во океанот, и дека нема повредени.
Леталото контролирано паднало во морето, а лансирната платформа останала неоштетена, објаснуваат од компанијата.
Германската компанија имаше за цел да собере клучни податоци од овој тест лет со цел да ги поддржи своите цели за распоредување на сателити.
„Нашиот прв пробен лет ги исполни сите наши очекувања, постигнувајќи голем успех. Имавме чисто полетување, 30 секунди лет, па дури и успеавме да го потврдиме нашиот Систем за завршување на летот. Демонстриравме дека не само што можеме да дизајнираме и конструираме, туку и да лансираме ракети“, рече Даниел Мецлер, извршен директор и коосновач на „Исар аероспејс“.
„Не би можел да бидам погорд на целиот наш тим што работеше толку напорно во изминатите седум години за да се достигне оваа важна пресвртница. Денес, ја поставивме основата за зголемената глобална побарувачка за флексибилни услуги за лансирање сателити. Сега е време да ги анализираме сите податоци, да увидиме и да се вратиме на лансирната рампа што е можно поскоро“, истакна тој.
„Исар аероспејс“, европска вселенска компанија, развива, конструира и управува летала за лансирање дизајнирани да пренесуваат мали и средни сателити, како и сателитски консталации во орбитата на Земјата.