Германскиот претседател го распушти Парламентот, закажа нови избори за 23 февруари

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денес ја соопшти својата одлука за распуштање на германскиот Парламент (Бундестаг) и го одреди 23 февруари за датум за новите парламентарни избори, јавува Анадолу.

Распуштањето на Парламентот „сега е вистинскиот пат“, изјави Штајнмаер за медиумите во Берлин.

„Во тешки времиња како сега, за стабилноста е потребна ефикасна влада и стабилно мнозинство во Парламентот“, додаде тој.

Канцеларот Олаф Шолц побара од Бундестагот гласање за доверба на 16 декември, откако коалицијата составена од Социјалдемократите (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) се распадна во ноември по само три години. Шолц не доби мнозинство за неговиот предлог – како што сакаше. Тој потоа побара од Штајнмаер да го распушти Бундестагот во согласност со член 68 од Уставот.

Според тој член, претседателот може, на предлог на канцеларот, да го распушти Бундестагот во рок од 21 ден, доколку канцеларот ја загуби довербата. Членот 39 предвидува дека новите избори потоа мора да се одржат во рок од 60 дена.

Гласањето за доверба на Шолц беше само шесто во историјата на сојузната република. Бундестагот претходно беше распуштен во три наврати.

 

извор: АНАДОЛИЈА