Критериуми за тоа кој може да биде член на судскиот совет, дефинирање на поимот истакната правник, но и јасни процедури за разрешување на член и на претседател на судски совет. На ова се однесуваат дел од 40-те препораки во извештајот на оценската мисија на Европската Унија (ЕУ), соопшти евроамбасадорот Дејвид Гир на брифинг со новинарите.
По двете посети во земјава, средби разговори и анализи, експертите предводени од хрватскиот врховен судија Бранко Хрватин заклучиле дека проблемите во судскиот совет се акумулирани низ годините, без да се решаваат навремено и, освен во законскиот дел, недостатици има и во добри практики.
Извештјот со конкретните препораки нема да биде објавен, но надлежните веќе го добиле и се очекува од нив да почне имплементирањето, објави Телма.
Судството е дојдено до критична точка и потребно е да има итна акција, рече евроамбасадорот Гир, според кого извештајот има силни препораки, но за нивна имплементација неопходна е политичка волја. Очекува спроведувањето на овој извештај да биде меѓу топ приоритетите и на идните влади. Потенцираше и дека реформите во судството не можат да се заобиколат за влез во ЕУ
За 17 од 40-те препораки не се потребни измени на легислативата и ги посочи дека дел од нив може веднаш да почнат да се спроведуваат во судскиот совет. За останатите, потребни се или законски или измени на уставот.
Текстот во целост на: Телма.