Просечната дневна температура на површината на океаните низ светот во март го собори рекордот од 2023 година, достигнувајќи 21,2 степени Целзиусови, што е „највисоката температура досега забележана“, пренесува Анадолу.
Според податоците од „Climate Reanalyzer“ на Универзитетот во Мејн во североисточниот дел на САД и Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA), глобалното затоплување доведе до зголемување на температурите на површината од океаните.
Според податоците, додека највисоката температура на океаните во 2023 година измерена во август била 21,1 степени Целзиусови, рекордот на температурата на површината на океаните бил соборен во март оваа година со 21,2 степени Целзиусови.
Поморскиот научник на NOAA, Грегори Ц. Џонсон, изјави за „Си-ен-ен“ дека просечната глобална температура на океаните измерена во 2023 година била за 0,25 степени Целзиусови повисока отколку во 2022 година, што е еквивалентно на 20 години затоплување за една година.
Џонсон рече дека како што се зголемува концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата, тие очекуваат да продолжат овие рекордни температури.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.