Голема полициска акција во Хрватска, најмалку 40 приведени поради дрога

Голема полициска акција во Хрватска. Полициски службеници од Националната полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал во Загреб  и Полициската управа Сплит-Далмација, спроведуваат две меѓусебно поврзани операции на подрачјето на повеќе полициски одделенија. Во акциите беа вклучени неколку десетици лица поврзани со злосторства за злоупотреба на дрога. „Индекс“ пренесува дека уапсени се најмалку 40 лица.