Вонредна состојба е прогласена во делови на Калифорнија поради голем пожар кој се шири во близина на националниот парк Јосемит.
Пожарот во дабовата шума избувнал на 22 јули, а пожарникарите и по два дена од избувнувањето не успеале да го стават под контрола.
Повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани, а десетици куќи се уништени.
Според Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија, пожарот изгорел приближно 4.815 хектари земја, што го прави овој пожар моментално најголемиот активен шумски пожар во САД.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, во изјавата рече дека пламенот бил „подгреан дополнително од топлото и суво време и сушата“.
Голем дел од Соединетите Американски Држави викендов е зафатен со топлотен бран.
Температурите достигнаа 35,5 степени Целзиусови и се очекува да останат на тоа ниво во следните неколку дена.
Националниот парк Јосемит, кој се наоѓа североисточно од активниот пожар е дом на некои од најголемите и најстарите т.н. црвени дрва во светот.
извор: slobodnaevropa.mk