Спас од огромните горештини во Бразил – под млаз од фонтана полесно се поднесуваат високите температури.
Овој човек во Рио де Жанеиро се обидува да се разлади под вода од фонтана во паркот Мадуреира.
Делови од Бразил се зафатени од огромни горештини уште пред официјалниот почеток на летото на јужната полутопка. Во милионската метропола Рио де Жанеиро неделава измерената температура се искачи на над 40 степени, а луѓето ја чувствуваат како 58,5 степени, јави агенцијата Бразил. Националниот метеоролошки институт оцени дека ситуацијата во 15 сојузни држави и федералната област околу главниот град Бразилија е многу опасна. Постои ризик од дехидратација, главоболки, гадење и проблеми со циркулацијата.
Трето место за Игор Стефановски -Иџе во Австрија на стартот од Европскиот ридско-брзински шампионат на ФИА Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе…