Гол маж низ центарот на Скопје

Утринава, пред помалку од еден час, кај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, минувачите и средношколците беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж прошета низ центарот на градот, предизвикувајќи вознемиреност и шок.

Според фотографија испратена од наш читател, лицето било целосно без облека.

Настанот се случил пред очите на случајни минувачи и ученици, а полицијата реагирала веднаш, го лоцирала лицето и во моментов работи на расчистување на случајот. Засега нема официјални информации за идентитетот на лицето или мотивите за ваквото однесување.

skopjeinfo.mk