Најголемите недоразбирања во ЛДП биле на релацијата Милевски и пратеничката Моника Зајкова, која важи за блиска до СДСМ. До крајот на годинава треба да се одржи редовниот партиски конгрес на кој се очекува токму Зајкова да го замени Милевски на лидерската партиска позиција.
ЛДП под водство на Милевски во неколку наврати беше блиску до целосно напуштање на коалицијата со СДСМ и приближување кон ВМРО-ДПМНЕ но тоа не се случи.
мkd.mk