Горан Милески си даде оставка на министерското место од лични причини – ЛДП ќе го задржи ресорот

Претседателот на ЛДП Горан Милески за Телма потврди дека во текот на наредната недела ќе поднесе оставка од министер за локална самоуправа.

ЛДП ќе го задржи ресорот. Се разговара со повеќе кандидати за нов министер, објави Телма.

Владата досега не е известена.

Пратениците од партијата тврдат дека нема раздор во партијата и дека раководството на ЛДП е во секојдневна комуникација.

извор: Телма.

фото: Архива