Гори Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба

Голем шумски пожар беснее во Лос Анџелес. Уништени се куќи, создаден е голем сообраќаен метеж, а наредена е евакуација на 30.000 луѓе под огромниот облак од чад кој прекри поголем дел од градското население.

Најмалку 510 хектари подрачја на Пасифик Палисејдс, меѓу Санта Моника и Малибу, изјавија официјални лица кои веќе предупредија на екстремна опасност од пожарите поради силните ветрови кои пристигнаа по долготрајната суша.

Очевидци сведочат за голем број на куќи во пламен, изгорени автомобили. Пет училишта во Лос Анџелес се затворени, а наставата се одржува онлајн. Според последните податоци, околу 184.000 корисници во округот Лос Анџелес останаа без електрична енергија.

 

 

telma.mk