Градоначалникот на скопски Бутел го прими семејството од Радишани кое неодамна доби тројка – близначињата Лена, Луна и Лазар.
– Посебна чест денеска имав да ги примам тато Горан, хероината мама Наташа и трите прекрасни ангелчиња, сподели Костовски.
– Морам да кажам дека во мојата работна просторија денеска имаше посебна енергија, од срце посакувам овие три прекрасни ангели да растат со тато и мама, да се живи и здрави и Господ да е постојано со нив! Општина Бутел на ова благословено семејство ќе помогне со 120 000 денари, за мала помош во растењето на трите близначиња од Радишани, општина Бутел. Благословени од Бога да се! – порача првиот човек на општината по средбата.