Денес, остварив средба со претседателот на Парламентот на провинцијата Виена, господин Ернст Волер и со координаторот за интеграција на Австрискиот фонд за интеграција, господин Бахри Троја.
Разговаравме за продлабочување на соработката во повеќе области, за туристичко промовирање на Охрид во Виена, но и за размена на искуства во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО.
Секоја размена на искуства е добредојдена, особено кога доаѓа од луѓе кои директно се вклучени во процес за реализирање на препораки од УНЕСКО, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.
Денеска заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, присуствувавме на официјалното примопредавање на противпожарно возило – донација од…
Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе заклучок за завршување на парламентарните избори. На седницата беа прогласени за конечни резултатите од…