Градските власти на Гетеборг им ја исполнија желбата на жителите да добијат нови базени по повод 400-от роденден на градот

Со две години одложување поради пандемијата на ковид-19, Гетеборг оваа година го слави својот 400. роденден, при што градските власти им ја исполнија желбата на своите жители да добијат нови базени. Нов комплекс базени за пливање и скокање е изграден во пристаништето Фрихамен, кое почна да излегува од употреба уште од 1970-ите.

Пред десет години, жителите на Гетеборг беа прашани што сакаат за 400-годишнината на градот. Тие посакаа да можат да пливаат некаде во внатрешноста на градот, а не само во побогатите области.

Базените немаат дно, со што се отворени кон пристаништето. Водата е природно третирана и енергетски ефикасна, така што се пумпа чиста морска вода од под пристанишните води. На истата локација се изградени и нови детски игралишта, сауна од рециклирани контејнери, простор за привремени продавници и работилници и соблекувални и сето тоа е бесплатно за користење.

Гетеборг е град-модел за скандинавска ефикасност, дизајн, прогресивно родителство, социјални политики и велосипедизам. За неколку години, градот ќе биде поврзан со метро со една линија, со што дополнително ќе се растовари сообраќајот и побрзо ќе може да се стигне до аеродромот.

Во 2022, Гетеборг по шести пат беше прогласен за најодржлива дестинација на светот.

Прославите на 400 години Гетеборг ќе кулминираат со Градскиот фестивал на културата, со стотици бесплатни концерти, оперски претстави и улични настапи.

 

 

sdk.mk