Град Скопје: Камионот што пропадна во фонтаната на Плоштад немал дозвола за движење на плоштадот, иако било поднесено такво барање

Град Скопје соопшти дека возилото на приватната компанија, чиј камион изутринава пропадна со тркалата на плоштадот „Македонија”, немал дозвола за движење на плоштадот, иако било поднесено такво барање. Возачот, кој е државјанин на Турција, е приведен и изведен пред суд.

Градските власти информираат дека за овој настан МВР ќе поднесе соодветен поднесок.

Град Скопје по извршениот инспекциски увид, како што се наведува, издаде санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, а во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава.

извор: Град Скопје