Семејството Грашо сподели добра вест со јавноста, во врска со „засилувањето“ на уште еден член. Популарниот сплиќанец Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го чекаат своето второ дете, па нивната ќерка двегодишната Алба ќе стане постара сестра.
– Хана е како секоја трудница. Еден ден сака кроасани, другиот ден не ги сака. Потоа еден ден мојот парфем мириса одлично на неа, следниот ден е ужасно. Претпоставувам дека така треба, тоа е во ред – низ смеа изјави кантавторот, за „Инмагазин“, и додаде:
– Малата Алба донесе нешто посебно во нашиот живот.
Овој пат тие ќе станат родители на син.
telegraf.rs