На 08.06.2023 во 23:45 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го затекнале грчкиот државјанин В.П.(54), кој нелегално ja преминувал државната граница.
При преглед во неговите торби била пронајдена и одземена поголема количина различни видови цигари без документација.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
фото: Архива