Груевски се огласи на ФБ: Реакција од властите мора да биде жестока, и мора веднаш да биде спроведена истрага, за да се откријат низа пропусти во системот.

Не постојат зборови на утеха кои можат да ја ублажат болката на семејствата и блиските на загинатите во една од најголемите трагедии што се случиле во Македонија во нејзината современа историја, а веројатно една од најголемите трагедии по бројот на загинати во еден ден воопшто било кога во Македонија.
Загубата на сопствено младо дете, брат или сестра, внук или внука, е огромна и ненадоместлива загуба. Го изразувам моето сочувство со семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во дискотеката во Кочани.