Локалните и странските туристи поради топлото време ги посетија плажите во туристичките места на турската област Мугла, известува Анадолу.
Според информациите што дописникот на АА ги доби од управата за метеорологија во Мугла, температурата на воздухот во Бодрум изнесува 28 степени Целзиусови, а на морската вода 19 степени. Многу локални и странски туристи пливаа и се сончаа на плажите Кумбахче, Пашатарласи, Ѓумбет, Битез и Ортакент во Бодрум.
Додека некои туристи времето го поминуваа на чамци во близина на брегот на Бодрум, други пешачеа покрај плажата или со кану правеа прошетка покрај морскиот брег.
Во Мармарис температурата на воздухот денес изнесува 29 степени Целзиусови, а на морето 18 степени. Граѓаните и туристите го искористија топлото време за да уживаат во сонцето на плажите.
Граѓаните и туристите шетаа по плажите Узунјали, Ичмелер и Турунч во Мармарис и времето го поминуваа во кафулиња и на плажите. Некои од нив влегоа и пливаа во морето.