Од нивните насмеани очиња и зацрвенети обравчиња им се читаше возбуда и љубопитност да ѕирнат во празничното пакетче, кое секое од нив го доби непосредно пред новогодишната ноќ.
Детскиот и мелодичен џагор ни го разубави и развесели Кабинетот, каде што вредно работат нивните родители.
Нема поголема среќа од тоа да ја споделам празничната магија со нив, да ги видам нивните насмевки и радост додека уживаа во прекрасната новогодишна претстава.
Должност ни е да им обезбедиме организирана, праведна и просперитетна татковина, од која нема да се нестрпливи да заминат, напиша во својата објава претседателката Гордана СИлјаноска Давкова.