Дали инфлацијата ќе биде двоцифрена?

Во 2008-мата инфлацијата проби, па пожарот го гасеа со „бензин“, повторно принтаа пари и сето тоа сега се рефлектира- вели проф. Д-р Кенан Цркиќ кој предава економски науки во Виена, а бил професор и на Економскиот факултет во Сараево, Загреб, Мадрид. Кога бев на Хардвард велеа: Кога Волстрит ќе кивне, цел свет добива воспаление на гради. Тоа што ќе се случи во Америка, отприлика три месеци треба да се случи во Европа, а за шест ние овде да го почувствуваме -објаснува тој. Ковид ги „скина ланците“ и моменталната ситуација во Украина и Русија нормално придонесува за покачување на цените на енергенсите, брашното, зејтинот. Цените вели тој, паралелно растат со паниката која се крева меѓу граѓаните.

-Проценката на сериозните економисти е дека инфлацијата ќе биде двоцифрена до крајот на годината. (5 мин)Треба да се знае во што треба да се вложува кога има инфлација, тоа се недвижнини, злато.. Но, на сето тоа се додава паника. Па, луѓето купуваат злато мислат дека тоа е сигурна инвестиција, а цената е преценета и превисока, вели Црнкиќ.

Од НБРМ велат дека превземените фискални мерки би требало да ги ублажат краткорочните ефекти. Доколку има поизразени притисоци од страна на побарувачката НБРМ ќе реагира со инструмените кои ги има на располагање.

Повеќе на ТВ21