Весна Дамева се враќа на чело на Судскиот совет по пресудата на Управниот суд за поништување на одлуката за нејзино разрешување од позицијата претседател во мај лани.
Актуелниот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, на итна седница на телото, поднесе оставка на функцијата на лично барање.
Заменик претседателот на Судски совет, Ханиф Зендели нагласи дека нема да се расправа по пресудата на Управниот суд, односно со самото поништување на одлуката за нејзино разрешување, на сила се враќа одлуката за избор на Дамева за претседателка на Судски совет.
Според Зендели, Дамева ќе претседава со првата наредна седница на Судски совет. За денот и дневниот ред, како што додаде заменик претседателот на Судски совет, ќе одлучи Дамева.