Данска е вториот финалист на Светското првенство

Вечерва убедливо ја совладаа Португалија со 40-27. Данците беа супериорни во целиот меч и не дозволија ново изненадување на Португалија.

Португалците ниту еднаш не ја загрозија Данска додека Ландин ја решеташе мрежата.

Данска во финалето задутре ќе игра против Хрватска и повторно е голем фаворит.