Дваесет и петгодишен скопјанец се повредил со воздушна пушка во домот

На 26.12.2022 во 01.54 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.Б.(25) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите од воздушна пушка додека бил во својот дом“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.