Двајца пациенти од Охрид се степале во Психијатриската болница во Демир Хисар

Млад пациент од Охрид вчера во Психијатриската болница во Демир Хисар физички нападнал негов сограѓанин, исто така пациент во болницата, соопшти МВР.

„На 11.05.2023 во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во Психијатриска болница во Демир Хисар пациентот на (31)година  од Охрид физички го нападнал пациентот на (27) години исто така од Охрид“, пишува во полицискиот билтен.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на настанот.