Две малолетни деца во текот на вчерашниот ден биле каснати од улични кучиња на подрачјето на Кисела Вода.
На 04.11.2022 во 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.П.Г.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„Доситеј Обрадовиќ“ нејзиното малолетно дете било каснато од куче скитник.
На 04.11.2022 во 18.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.К.(34) од Скопје пријавила дека во с.Сопиште нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Во полицискиот билтен има уште една пријава за каснување од куче скитник во Скопје.
На 04.11.2022 во 12.05 часот во Полициската станица Аеродром, С.Д.(50) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.
skopjeinfo.mk