Две лица загинаа кога воз удри во група железничари во Германија

Најмалку две лица загинаа во железничка несреќа којашто се случи денес во северозападна Германија, пренесува Анадолу.

Патнички воз удри во група работници на железницата во градот Хурт, во близина на Келн, јави германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на полициски извори.

Најмалку две лица го загубија животот во несреќата, додека неколкумина се повредени, потврди федералната полиција, без да даде повеќе детали.

На местото на несреќата пристигнати се пожарникари и итната медицинска помош.

извор:Анадолу.

фото: Анадолу.