Основното јавно обвинителство во Белград синоќа покрена истрага за да се утврди што довело до несреќата на Дунав кај Гроцка, во која две лица загинаа, а три се повредени.
Имено, според првите информации, глисерот кој го управувал И.Ј.(38) изгубил контрола и удрил во шлеп. Но, по истрагата било утврдено дека пловилото немало контакт со шлеп, туку дека удрил во нешто друго.
– Телата на жртвите се извлечени од Дунав и испратени на обдукција. Потоа ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата бил под дејство на алкохол или опијати. Ќе има и разговор со тројцата повредени кои се во болница – вели нашиот соговорник близок до истрагата.
Според Телеграф, на глисерот имало пет лица. Несреќата се случила синоќа околу 21 часот и 30 минути на Дунав во населбата Грочка.
На воланот на глисерот бил И.Ј.
Извор: Курир.рс, Телеграф.рс