Двојно е зголемен бројот на патници кои од Италија се враќаат во Албанија, Косово и во Македонија

Двојно е зголемен бројот на патници кои пристигнуваат со траекти од Италија во најголемото албанско пристаниште Драч.

-Станува збор за иселеници главно Албанци, но во голем број се и Косовци и Македонци, кои доаѓаат во родните места празниците да ги минат со нивните роднини. Има и странски туристи, главно Италијанци, кои ја избираат Албанија како дестинација за празниците, јави Топ чанел.

За да се справат со зголемената фреквенција  траектите  на линиите  Бари-Драч и Анкона-Драч започнале со двојна пловидба.

– Фреквенцијата на патници е зголемена од Италија кон пристаништето Драч. Во наредните денови очекуваме по најмалку 2 илјади патници во секој траект, односно 4 илјади од Бари и 1.800 од Анкона, изјави  Таулант Алка, капетан на пристаништето во Драч.

Потврдува дека пристанишните власти презеле мерки за побрза  контрола на патниците и возилата, со зголемување на бројот на шалтери на терминалот.

-Преземени се мерки за ставање во функција на сите капацитети. Очекуваме се да оди во најдобар ред, додаде тој.

Според него, во периодот јануари-ноември преку пристаништето Драч патувале над 716 илјади патници. Во споредба со истиот период лани, забележан е благ пад поради конкуренцијата од нискобуџетните авиокомпании.

 

 

denesen.mk