Делегација од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, составена од Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископoт Стобиски г. Јаков на 29 март 2025 година присуствуваше на интронизација на новоизбраниот Архиепископ на Тирана, Драч и на цела Албанија г.г. Јоан.
Епископот Јаков со поздравно слово му честиташе на Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г. Јоан пренесувајќи му ги поздравите од Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан и на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
На интронизацијата на Блаженејшиот Архиепископ г.г. Јоан, присуствуваа и архијереи од сите сестрински Православни Цркви.
vesnik-ilinden.com