Кога зборуваме за иновативни компании, најчесто ги поврзуваме со технолошки глобални гиганти. Веројатно затоа што нивните решенија го менуваат начинот на кој досега нешто се правеше на светскиот пазар за многу краток временски период.
Со напредокот на информациските технологии, повеќето иновации почнавме да ги поврзуваме со решенија во оваа област, бидејќи добар дел од нашето секојдневие е поврзано со телефони, компјутери, апликации, програми, гаџети…
Има ли место за иновации во компаниите кои се занимаваат со традиционални бизниси?
Поради употребата на различни технологии, секоја компанија која сака водечка позиција на пазарот е условена побрзо, поефикасно и подобро да управува со ресурсите со кои располага. Оттука, процесот на дигитализација и поврзување на различни процеси во компаниите сега е неизбежен.
Од друга страна, иновациите не се однесуваат само на ИТ решенија. Често забораваме да ги иновираме деловните модели по кои работат компаниите, начините на комуникација, систематизацијата на работните места со воведување нови позиции. Така, на пример, иновацијата е воведувањето на позицијата тренер на Microsoft Office 365 кој ќе работи на обука на вработените за поефикасно користење на апликациите што ги нуди овој пакет. Друг пример е воведувањето на позицијата менаџер за иновации, чија работа е, меѓу другото, да им овозможи на вработените систематски да ги реализираат своите идеи за иновации. Да дизајнира, имплементира и координира програми за евалуација и подобрување на овие процеси заедно со менаџментот на компанијата.