Архиепископот Стефан и патријархот Порфириј, денеска ќе одржат нова заедничка литургија во Соборниот храм, по повод 24 Мај – денот на сесловенските просветлители Кирил и Методиј.
Поглаварот на Српската православна црква вчера во попладневните часови пристигна во Скопје. Во делегацијата на СПЦ се и Митрополитот црногорски и приморски Јоаникије, Епископот сремски Василиј, Епископот бачки Иринеј, зворничко-тузланскиот Фотие и крушевачкиот Давид. Делегацијата на СПЦ беше пречекана од Архиепископот г.г. Стефан и Митрополитот Тимотеј.
Со литургијата што минатата недела се одржа во Белград, се надмина 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.
СПЦ вчера го заврши мајскиот Сабор, но во соопштението немаше детали за автокефалност на МПЦ.
Премиерот, Христијан Мицкоски тврди дека деновиве добил „вознемирувачки информации за една силна активност на одредени политичари во Брисел“. „Очекувам силна…