Македонија и дел од Европа ќе го гледаат делумното затемнување на Сонцето.
Затемнувањто во Скопје ќе почне во 11.27 часот претпладне, а максимумот ќе биде достигнат во 12.34 часот.
Феноменот завршува во 13.42 часот, односно ќе трае 2 часа и 15 минути.
Затемнувањето најдолго ќе трае во Русија, во Западен Сибир, каде ќе бидат покриени околу 82 отсто од дијаметарот на Сонцето, објави Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“.